Железната завеса“ која , според зборовите на премиерот Зоран Заев, помеѓу Македонија и Бугарија ја изградила Југославија, укажува дека можеби тој ги прифатил сите бугарски барања во врска со почетокот на пристапните преговори на Македонија и ЕУ. Поради тоа во Македонија се очекува жешка политичка зима“, објави Спутник.

-Зоран Заев не отстапува од идејата дека помеѓу Македонија и Бугарија по завршувањето на Втората светска војна е воспоставена “железна завеса“, што асоцира дека ги прифатил сите барања на бугарската Влада за македонското прашање. Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење тогаш „железната завеса“според Бугарија се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А железната завеса помеѓу двете Германии заврши со обединување. Штом зборува за железната завеса, значи дека крајната идеја е да се прифатат сите бугарски барања, дека Македонците влечат корени од “големата бугарска нација“, а дека јазикот е бугарски со примеси на србизми, вели претседателот на Демократската партија на Србите и актуелен пратеник во македонското Собрание, Иван Стоилковиќ за порталот Спутник.

Тој за “Спутник“ потенцира  дека со оглед на фактот дека Македонците по Втора светска војна прв пат добија своја држава , тезата за “железната завеса“ води кон заклучокот кој може да се изведе сам по себе-дека е прифатена мантра околу новите односи меѓу Македонија и Бугарија и дека  проблемот е само во реализацијата на таа мантра, бидејки отпорот на македонското население е голем, вели Стоилковиќ.