Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) не и додели вајлд – карта на Македонија за настап на Светското првенство во Египет, во јануари наредната година.

Специјални покани за настап наовој шампионат добија селекциите на Русија и Полска

Полска која на Европското првенство во јануари годинава заврши на 21-то место и Русија која беше 22-ра се двете репрезентации кои во Каиро ќе патуваат со специјална покана.

  • Меѓународната ракометна федерација – ИХФ доби апликации од неколку федерации. Земени беа предвид генералниот развој и глобалниот ефект врз ракометот, но и економските причини, особено во време на Ковид-19, се вели во соопштението на ИХФ.

Македонија за пласман на овој Мундијал требаше да игра бараж со Франција, но поради пандемијата со коронавирусот истито беше одложен.  Французите без да играат бараж директно добија шанса да играат во Египет.