Македонија нема да ги признае резултатите од референдумите во Украина

37

Македонија нема да признае манипулативни референдуми, рече министерот за надворешни работи на Македонија, а најважно е Украина да победи во војната со Русија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на прашање дали Македонија ќе ги признае резултатите од референдумите во четирите украински региони за приклучување кон Русија.

-Украина мора да победи во војната, а Северна Македонија нема да ги признае манипулативните референдуми. Треба да се зборува за кршење на меѓународното право со воената агресија на Русија врз Украина, зашто малите земји ги штити тоа право, кажа Османи.