Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Шпанија (65:94) ги стартуваше квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

ФОТО: Петр Стојановски

Светскиот шампион ја имаше резултатската контрола во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено дојде до триумф.

„Црвено-жолтите“ одигра солидно во првото полувреме (30:41), но противникот одигра маестрално во третиот период кој го доби со 29:17 и практично си ја осигура победата.

Нашата селекција за три дена ќе го одигра и вториот меч од овој „прозорец“ на ФИБА, а за противник ќе ја имаме селекцијата на Украина, која денес беше поразена од Грузија на гости со 88:83. Мечот ќе се одигра во Киев, а ќе стартува во 18 часот.