Ракометната репрезентација на Македонија со победа се одјави од Светското првенство кое се игра во Шведска и Полска. Во мечот за 27. место, избраниците на Кирил Лазаров славеа над Јужна Кореја (33:36).

Најдобар стрелец кај Македонија беше Филип Кузмановски со осум гола, пред Ненад Костески со шест, Мартин Серафимов стрела пет пати, додека Иван Џонов и Филип Талески имаа по четири реализации. Кај Корејците, Јусунг Јин даде осум, а Ким и Јанг стрелаа по пет пати.