Македонската фудбалска репрезентација ги промовираше дресовите со кои нашата селекција ќе дебитира на Европското првенство оваа година, а наместо традиционално црвената боја, ќе играме во бордо дрес. Но, исто така, чудна е одлуката на ФФМ што третиот комплет на дресови е црно-портокалова комбинација, додека втората е класично бела основа со жолта боја на ракавите, односно јаката.

Исто така на дресот има исцртано лик на рис како што воедно е и нивниот прекар, па се надеваме дека на популарните „рисови“ овие комплети на дресови ќе им донесат многу среќа на Европското првенство, кое стартува на 11 јуни. Веднаш по промоцијата, македонските навивачи почнаа да пишуваат петиција за враќање на традиционално црвената боја на дресот.

  • Катастрофа, ништо карактеристично за Македонија, а имавме одличен и препознатлив дрес, пишува еден навивач.

Инаку, тие се изработени од германската компанија за спортска опрема „Јако“, а изработени се од рециклирани материјали.

Првиот меч нашата селекција ќе го има на 13 јуни, а силите ќе ги одмери со селекцијата на Австрија во Букурешт.

ФОТО: Петр Стојановски