Македонија може да игра во „Групата на смртта“

94

Доколку успее да се пласира на Европското првенство 2020 преку мартовскиот бараж во Лигата на Нации, македонската фудбалска репрезентација може да се најде во „Групата на смртта“ на големиот континентален собир.

Ждрепката во Букурешт одлучи како можни ривали во Групата „Ц“ да ни ги даде  Холандија, Украина и Австрија, но во оваа конкуренција ќе бидеме само доколку Романија, која е еден од домаќините на ЕП 2020, не обезбеди пласман на континенталниот собир преку Лига на Нации. Од друга страна, ако Романија се пласира на Европското првенство, тогаш Македонија ќе биде во најсилната група „Ф“ со Германија, Франција и Португалија. Натпреварите од групата „Ц“ ќе се играат во Амстердам и Букурешт, додека пресметките од „Групата на смртта“ против европскиот првак Португалија, најтрофејната европска селекција Германија, како и актуелниот светски првак Франција, ќе се играат во Минхен и Будимпешта.

Пласманот на Европското првенство 2020, македонската репрезентација ќе го бара прво преку полуфиналето против Косово од Лига на Нации, а потоа следи и финале со подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија.

Европското првенство следната година кое ќе се игра во 12 градови низ Европа. Натпреварувањето ќе биде отворено во Рим, со првата средба од групата А која ќе се одигра меѓу Италија и Турција.

Група А: Италија, Турција, Швајцарија и Велс;

Група Б: Данска, Белгија, Русија и Финска;

Група Ц: Холандија, Украина, Австрија и победникот од плеоф Д или А.

Група Д: Англија, Хрватска, Чешка и победникот од плејоф Ц.

Група Е: Шпанија, Шведска, Полска и победникот од плејоф Б.

Група Ф: Португалија, Франција, Германија и победникот од плејоф А или Д