Македонија меѓу скромните иноватори во ЈИЕ, Словенија највисоко рангирана

31

Словенија е рангирана највисоко меѓу земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во однос на националните системи за иновации, а потоа следат Турција и Србија, соопшти Европската комисија.

Словенија ја следат две земји кои не се членки на ЕУ, а тоа се Турција и Србија, додека Романија и Бугарија се единствените членки на ЕУ во групата скромни иноватори, со оценка под 50 отсто од просекот на ЕУ, објави Европската комисија во најновото издание за иновации во Европа.

Сепак, Словенија беше единствената земја во групата 12 умерени иноватори што забележа намалување на резултатите, за 9,9 отсто, како резултат на влошувањето на одредени перформанси.

Перформансите на Србија биле особено силни бидејќи земјата го зголеми својот резултат за 13,2 отсто, поради силната пенетрација на широкопојасен интернет. Турција го подобри својот резултат за 12,5 отсто, а заедно со Словенија е единствената земја од ЈИЕ во групата умерени иноватори.

Црна Гора, која за прв пат е вклучена во табелата и Македонија се меѓу скромните иноватори, иако нивните резултати се зголемени за 5,0 отсто и 14,8 отсто, соодветно.