Македонската ракометна репрезентација стартуваше со пораз на Европското првенство во Унгарија и Словачка. „Црвено -жолтите“ во првиот натпревар од А – групата минимално загубија од селекцијата на Словенија 27:25.

Дури и без повредениот Кире Лазаров нашите ракометари се покажаа во добро светло, во големи периоди од мечот целосно парирајќи му на квалитетниот противник. Сепак, неискуството во завршницата од двете полувремиња беше пресуден фактор за на крајот да биде претрпен пораз на овој премиерен дуел во Дебрецин.

Можеби причината за поразот треба да се бара во многуте технички грешки. Но и покрај многуте загубени топки избраниците на селекторот Кирил Лазаров, покажаа дека можат да се вратат и од пет гола негатива, но за жал не успеаја да направат целосен пресврт.

Македонија во второто коло ќе се сретне со селекцијата на Црна Гора, меч што е закажан за сабота со почеток во 18 часот.

Фото: П.Стојановски