Македонија и Бугарија заедно ќе ги чествуваат Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

80
На предлог на Министерството за надворешни работи, на седницата на Владата вчера  усвоена информација за првиот состанок на меѓувладината комисија меѓу нашата земја и Република Бугарија, основана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедсвтво и соработка одржан во Софија на 10 јуни 2019 година.

– Прифатени се сугестиите за заедничко чествување на следните личности од нашата заедничка историја: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува”, соопшти Владата.

Се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Република Бугарија и за 6 одделение во Република Северна Македонија (Праисторија и Античка историја). Се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за 6 одделение во Република Бугарија и 7 одделение во Република Северна Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година.