Македонија дава се што ќе и се побара

84

 

Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Македонија и Грција за историски, археолшоки и образовни прашања кој беше формиран согласно Договорот за името, во ноември лани, ја одржал првата средба на која од грчка страна на своите колеги Македонци на маса им биле депонирани три барања и тоа: Наставниците и професорите во предавањата да избегнуваат материјали што содржат иредентизам, од учебниците да се исфрлат античко грчките симболи и картите на Голема Македонија,брифираат грчки дипломатски извори

Втората средба ќе се одржи во текот на овој месец во Македонија,

Како што објаснуваат дипломатските извор по првичниот договор и откако ќе се обезбедат трите барања ќе започне ред по ред ревизијата на учебниците.

Велат дека македонската страна немала конкретни барања од грчките колеги, “бидејќи грчките книги не содржат иредентизам, затоа што не е замисливо земја членка на ЕУ да има такво нешто во книгите”.

Грчките дипломатски извори,како што пренесе МИА потенцираат дека Грција самоиницијативно ќе направи промена во нивните карти за да ги усогласат со меѓународните правила, па наместо како до сега за градот Битола да пишува Монастири како што е на грчки, ќе треба да стои Битола (Монастири) или за бугарскиот град Пловдив да пишува Пловдив (Филипуполи), а не само Филипуполи како што е сега

Комитетот е формиран на паритетна основа и има седум члена од македонска и седум члена од грчка страна. На чело на македонскиот тим е амбасадорот Виктор Габер, а од грчка страна, претседател е заменик министерот за надворешни Маркос Боларис.

Заедничкиот комитет ќе има задача да го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди.
Комитетот ќе разгледа и ако утврди, можно е да се прави ревизија на било кои учебници, историски атласи, наставни упатства кои се користат и во Македонија и во Греција.

Комитетот ќе дефинира и временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од страните од оваа година, да не се користи ниту еден учебник или помошен материјал кој содржи било каков иредентизам.
Комитетот ќе се состанува најмалку два пати годишно, а извештај ќе поднесува на друго тело, кое исто така, треба да се формира согласно Договорот, а кое ќе се вика Совет за соработка на високо ниво, со кој ќе раководат премиерите на двете земји.