Македонската ракометна репрезентација обезбеди учество во главната фаза на Светското првенство во Египет, откако во последното коло од групата ја совладаа репрезентацијата на Чиле со 32:29. 

Црвено – жолтите“ повторно почнаа слабо во одбраната и му дозволија на противникот да направи преднос од еден – два гола на стартот од натпреварот. Македонија во првите 30. минути од мечот само еднаш беше во водство, од еден гол (11:10), а потоа повтороно се играше по нотите на јужноамериканците кои на полувремето заминаа со предост од еден разлика (16:17).

Во второто полувреме работите се сменија во наша корист. Избраниците на селекторот Данило Брестовац, успеаја да го свртат резулататот во своја корист, а подоцна до 47. минута да се одлепат и на четири гола разлика (27:23). Оваа разлика беше доволна за прва победа на „црвено – жолтите“ на овој шампионат и пламан во главната фаза на шампионатот.