Македонската репрезентација се пласира на осмото Светско првенство во својата историја. Ждрепката за групната фаза е закажана за втори јули, а нашиот национален тим ќе чека противници од вториот шешир.

ШЕШИР 1: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, прв претставник од Африка;

ШЕШИР 2: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија;

ШЕШИР 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Чиле, втор претставник од Африка, трет претставник од Африка;

ШЕШИР 4: Уругвај, Иран, Јужна Кореја, четврти претставник од Африка, петти претставник од Африка, претставник од Северна Америка, вајлд-карта 1, вајлд-карта 2.

Мундијалот ќе се одржува од 11 до 29 јануари 2023 година. Репрезентацијата на Данска ќе ја брани титулата од пред две години.