Од 1 јуни се отвораат границите на Македонија, а полицискиот час се укинува, препорачува Комисијата за заразни болести, дознава Фактор.

Состанокот беше утринава, а според нивните сугестии дозволено е кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток. Нивните препораки секако треба да ги прифати и Владата. За денеска се уште нема закажана владина седница, но не се исклучува да биде одржана.

Моментално полицискиот час е од 19 часот навечер до 5 часот наутро. Извор од Комисијата вели дека полицискиот час секако нема ефект затоа што граѓаните не се придружувале. Додава и дека и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени.

Нивните препораки секако треба да ги прифати и Владата, која закажа седница за денес во 16 часот.