Македонија во трилер натпревар ја победи Шведска

72

Македонската одбојкарска репрезентација по голема борба ја победи Шведска со 3:2 (18:25, 25:21, 25:11, 14:25, 16:14) во сетови. Одлучувачкиот сет го доби со минимални 16:14, доволни за да се израдува на нов успех во подготовките за Европското првенство оваа есен.

До крајот на подготвителниот период за ЕП „црвено –жолтите“ ќе одиграат уште Украина и против Белгија или Бугарија. На 5 и на 6 септември ќе бидеме гости на Австрија во пријателските средби во Сент Полтен, а веќе на 12 септември ќе дебитираме на Европските првенства.