Македонсдката машката ракометна репрезентација ќе биде во вториот шешир за ждрепката за Европското првенство во 2022, во Словачка и Унгарија. Четири репрезентации веќе се пласирани на ЕП, тоа се двата домаќини и финалистите на ЕП – Шпанија и Хрватска.

Други 32 репрезентации ќе се борат за 20 слободни места на првенството. Екипите ќе бидат поделени во осум групи, а во секоја ќе има по четири репрезентации. Првите две екипи од секоја група ќе се пласираат на ЕП.

Истот така и четири од вкупно осум третопласирани ќе се квалификуваат на конриненталниот собир, а ждрепката ќе се одржи на 23 април во Братислава.

Прв шешир: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд

Втор шешир: Австрија, Белорусија, Португалија, Македонија, Србија, Русија, Ц. Гора и Холандија

Трет шешир: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска и Белгија

Четврти шешир: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово и Ф. Острови