Македонија годинава пред Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Грција во делот на дирекните странски инвестиции. Високите оценки за влезот на ДСИ во Македонија се должи на седум одлични проекти за обновливите извори на енергија  кои што истовремено се  водечки сектор за влезни СДИ. Во анализата се посочува дека секторот за автомобили и софтвер и ИТ-услуги се рангирани заедно на второто место, секој со шест инвестиции. Германија е водечка земја извор за СДИ кај нас за 2021 година, инвестирајќи во четири проекти. Три од четирите проекти за СДИ направени од компании со седиште во Германија беа во автомобилскиот сектор, додека четвртата беше инвестиција за обновливи извори на енергија.

 

Македонија се враќа во форма, годинава сме исклучително добро рангирани во однос на  странските дирекни инвестиции (СДИ). Така земјава  со оценка од 11,5 добила 11 пати повеќе заради влезните гринфилд странски директни инвестиции споредени со она што може да се очекува имајќи го предвид нејзиното ниво на БДП. Земјава е втора во свет по Коста Рика. Индексот ги мери нивоата на внатрешни инвестиции на земјата во однос на нејзиниот бруто домашен производ (БДП) користејќи ја базата на податоци за проекти за СДИ на GlobalData, која ги следи гринфилд проектите. Овие анализи се дел од Инвестмент монитор каде се покажани импресивни резултати за земјава според Индексот на перформанси на странски директни инвестиции (СДИ).

Анализата исто така постетува дека во 2020 година  внатрешните СДИ во земјава забележаа мал пад, при што бројот на проекти се намали од шест во 2019 година на четири, што во голема мера се припишува на пандемијата „Ковид-19“. Сепак, 28-те проекти кои земјата ги донесе во 2021 година покажале спектакуларно враќање во форма.

-Со седум проекти, обновливите извори на енергија беа водечки сектор за влезни СДИ за Северна Македонија во 2021 година. Ова претставува нагло зголемување од единствениот проект забележан во 2020 година (а ниту еден не беше забележан во 2019 година). Од седумте проекти за обновлива енергија регистрирани во 2021 година, пет беа во фотоволтаична сончева енергија, а другите два беа инвестиции на копнена енергија од ветер-се вели во анализата на Инвестмент монитор.

Според нив секторот за автомобили и софтвер и ИТ-услуги се рангирани заедно на второто место, секој со шест инвестиции.

-Ова значи дека првите три сектори учествувале со 68 проценти од сите влезни СДИ за Северна Македонија во 2021 година, додека преостанатиот удел на пазарот го сочинуваа седум други сектори, вклучувајќи пластика, логистика и електроника-се посочува во анализата.

Германија е водечка земја извор за СДИ во земјава во 2021 година,

Германија е водечка земја извор за СДИ во Северна Македонија во 2021 година, инвестирајќи во четири проекти. Три од четирите проекти за СДИ направени од компании со седиште во Германија беа во автомобилскиот сектор, додека четвртата беше инвестиција за обновливи извори на енергија.

Во однос на типовите на проекти, речиси 90 отсто од инвестициите на Северна Македонија потекнуваат од нови проекти за СДИ, додека останатите 10 проценти се од инвестиции за проширување. Околу 79 отсто од СДИ во земјава во 2021 година беа нови проекти, што покажува дека земјата е значително над глобалниот просек кога станува збор за привлекување гринфилд СДИ.

-Нашите соседни земји  Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Грција, исто така, забележаа пораст на внатрешните СДИ помеѓу 2020 и 2021 година, нивниот процентен раст останува далеку под  нашиот, забележуваат од Инвестмент мониторинг во анализата.

 

Македонија како членка на НАТО е земја на стабилност

На прашањето како Македонија ја зголеми својата привлечност за странските инвеститори, авторот на текстот посочува дека земјата стана членка на НАТО од март 2020 година, што претставува атмосфера на стабилност што може да ја зголеми привлечноста на една земја до странските инвеститори. Полска, Унгарија и Чешка беа сведоци на значителни зголемувања на странските инвестиции по пристапувањето во НАТО.

Земјава нуди евтина работна сила, со оглед на тоа дека 69 отсто од нејзиното население е во  работоспособна возраст од 15-64 години. Имаме и 14 слободни зони, што им овозможува на меѓународните компании да ги заобиколат царинските давачки и да ги искористат предностите на даночните поволности, додека во јули 2022 година, земјата исто така објави дека ќе ја отвори својата прва зона со висока технологија.

Новата слободна зона, Технолошко индустриска зона – Скопје III, ќе се простира на 18 хектари и претставува инвестиција од околу 146 милиони американски долари.

-Целта е да се генерираат инвестиции од повеќе од 850 милиони евра (821,69 милиони долари) во следните десет години и секако да се донесат или развијат компании кои ќе се фокусираат исклучиво на високи технологија. Ова ќе генерира високо платени работни места за 4.500-5.500 млади луѓе кои се очекува да бидат ангажирани во овие капацитети, а ќе генерира приход за сите граѓани на Северна Македонија преку буџетски плаќања, вели директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

 

Владата со амбициозни иницијативи за помош на економскиот раст во обид да ги задржи и поттикне инвестициите во земјата

Нашата Владата веке најави амбициозни иницијативи за помош на економскиот раст во обид да ги задржи и поттикне инвестициите во земјата. Во октомври 2021 година, Владата го усвои Планот за забрзување на растот за 2022-2026 година, кој, според Министерството за финансии, „ќе резултира со годишен раст на БДП од 5 отсто, 12 милијарди евра нови инвестиции во јавниот и приватниот сектор, 156.000 нови работни места.

Но во  анализата велат дека ова не значи дека сите аспекти на СДИ во земјата имаат високи перформанси. Земјава  има тенденција да бележи слаби резултати на индексите на корупција и има висока стапка на невработеност – 16,2 отсто во 2021 година. Но, трендот оди во вистинска насока и ако во 2005 година невработеноста изнесуваше 37,3 проценти, во 2022. продолжува да опаѓа.

(В.Ма.)