Македонец жртва на надрилекар од Србија

115

Скопјанецот Славчо Петров на 7 јануари починал од тумор на мозокот,а како што објави српски  “Блиц” неговата сестра, 23 годишната Билјана Јовановиќ, за неговата смрт го обвини лажниот доктор, надрилекарот без никакво образование, Мирољуб Петровиќ. Таа ја раскажа потресната приказна за нејзиниот брат.

Во март минатата година докторите во Македонија му откриле  бинигнен тумор на мозок, кој , според Јовановиќ, бил на недостапно место тежок за операција. Операција била можна само во странство, но бидејќи немале пари, решиле да му се обратат на  Мирољуб Петровиќ, кој со години  низ Србија држи предавања против традиционалната медицина , убедувајќи ги луѓето да се лекуваат со тревки а за своите услуги наплаќал од 50 до 100 евра.

Во неговите лаги му поверувало,семејството,а  посебно сестрата Билјана која живее во Крушевац, бидејќи Славчо се чувствувал подобро од разни сокови и тинктури, но по неколку недели паднал во агонија.

Сестрата на починатото момче во српските медиуми ги објави пораките кои ги разменувала со лажниот доктор, во кои тој ја убедува дека со неговите совети и молби кон Господ, сѐ ќе биде во ред и дека нема потреба да одат на лекар.

Против Мирољуб Петровиќ, кој воопшто нема завршено медицина, веќе е поднесена кривична пријава за лажно претставување и ширење пропаганда за невакцинирање. Овој човек смета дека жените се само машини за раѓање,  дека наркоманите и дилерите треба да се убијат… Неверојатно е што овој шарлатан има своја емисија, држи предавања и дава онлајн совети.