Македонецот Александар Јосифовски и понатаму растура во мега популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“. Минатата сабота по којзнае кој пат ја освои публиката, а особено строгото жири, меѓу кои најмногу Јелена Карлеуша на која Јосифовски не и се допаднал само како пее, туку и како изгледа. А, изгледа одлично што му е секако голем плус за естрадната работа.
За време на натпреварувањето Александар во студиото имаше огромна поддршка од својата тетка која специјално за него допатува дури од Шведска.

Инаку, тетката е сестра на мајка му на Александар која е поранешна македонска фолк пејачка, Елизабета Јосифовска, а која по разводот се пресели да живее во Австралија. Но се е тоа само живот, ваков или онаков. Сега сите се на едно место и физички и со мислите секогаш со својот миленик Александар кој е под менторство на Ѓорѓе Давид.

И сите ја поддржуваат констатација на жирито кои велат дека “Александар би требало и со закон да се заштити“, бидејќи е толку многу оригинален во своите настапи. Д.М.