Македонецот Јорданчо со Бугарките има мега-хит “Јака е жена ти“ !

308

Македонецот Јорданчо Василковски попознат по прекарот Оцко долги години живее и работи во Софија, а таму и прави големи хитови за бугарските пејачи. Повеќе работи со пејачки со кои снима и провокативни спотови.

Токму еден таков хит спот во кој има многу разголени женски гради и нозе, за хит песната “Јака е жена ти“, Оцко снимил со бугарските ѕвезди Лорена и Алисија. Песната има заразен рефрен, па на почетокот на летото е веќе хит кој допрва ќе се пее и на плажите на Црно Море. Инаку Оцко е косопственик на македонската „Аворд“ продукцијата која некогаш стоеше зад покојниот Тоше, а сега соработува со нашиот популарен Наум Петрески.   Д.М.