Македонецот Бобан Цаневски ја расплака српската пејачка Тања Савиќ во шоуто „Никогаш не е доцна“

1833

Нашиот популарен пејач Бобан Цаневски ја расплака српската пејачка Тања Савиќ, завчера, кога маестрално настапи во балканското мегашоу „Никад није касно“. Српската фолк-ѕвезда Тања Савиќ не можеше да ги задржи солзите додека Бобан Цаневски повеќе од одлично и моќно го пееше големиот хит од репертоарот на Здравко Чолиќ – „Као моја мати“.
Македонецот Бобан брилјираше на сцената пред ТВ-камерите, а тоа негово емотивно пеење емотивно ја стресе убавата Тања, која не ги криеше солзите, па дури изјави дека кога ќе слушне некоја таква интерпретација и песна, не може да не заплаче. Публиката ги награди и Бобан и Тања со долготрајно ракоплескање.

– Јас многу ја сакам Македонија, многу го сакам Скопје. Таму имам и роднини, наскоро ќе одам и до Охрид. Бобане, ти навистина ме погоди со оваа песна, дури и солзи ми потекоа особено кога отпеа: „Кад ти једном срце сломе, не верујеш никоме“… раскажа Тања. На тоа се приклучи и композиторот Маре кој е дел од жирито. – Бобане, ми ја расплака Тања, јас не знам што да ти кажам. Можеби треба да направиме пауза со снимање, запраша тој.
Се разбира дека Бобан Цаневски си ја знае својата пејачка работа. И не му е ова првпат да знае да ја погоди публиката, сите оние кои го слушаат, и тоа директно во срцето. Тој и победи, па по овој настап оди директно во следниот шести круг од ова популарно шоу. Браво, Боби мајсторе, за пеењето! (Д.М.)