МАКАМТРАНС: Еколошката такса ќе ни ги зголеми трошоците за гориво за 4,13 денари по литар

86

Здружението на транспортери МАКАМТРАНС предупреди дека воведувањето еколошка такса на горивата ќе им ги зголеми трошоцитеза 4,13 денари за литар и најави протест.

До Владата и до Министерството за финансии веќе е испратен допис, со реакција што не се консултирани за воведувањена оваа мерка, како најголеми потрошувачи на гориво.

Еколошката такса на горивата од 3,5 денари според најавата од премиерот Зопран Заев треба да се воведе за неполни две недели, од 1 јули.

-Во наредниот период предвидени се состаноци со надлежните органи и обид за промена на најавената мерка, за таа цел се одлучивме да спроведеме анкета за да се анализира состојбата и спремноста на превозниците за спроведување на отпор во различни облици, велат од МАКАМТРАНС.