Американскиот кошаркар Лоренцо Браун потпиша двегодишен договор со Макаби ТА, соопштија од клубот. Браун (31) минатата сезона играше за Уникс од Казан, а на 24 натпревари во Евролигата имаше просек од 13,8 поени и 3,6 скока.

  • Возбуден сум што ќе му се приклучам на Макаби. Со нетрпение очекувам да играм пред прекрасни навивачи, изјави Браун по потпишувањето на договорот.

Тој во наредниот период се очекува да добие шпанско државјанство за да настапува за оваа репрезентација на претстојното Европско првенство.

Макаби веќе ги ангажираше Бонци Колсон, Алекс Поатрес, Остин Холинс, Џош Ниб, Дарун Хилиард и Гај Пнини.

Пред Уникс, Браун играше за Фенербахче, Црвена звезда, Гуангжу, Торонто, Феникс, Минесота, Жеџијанг и Филаделфија.