Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон по голем пресврт против Италијанецот Јаник Синер. Ѓоковиќ губеше со 2:0 во сетови, а потоа „проработи“ и на крајот славеше со 5:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:2.
Круната на играта беше видена во шестиот гем од петтиот сет при резултат 30:30. Синер одлично сервираше, а потоа погоди форхенд, но ниту тоа не беше доволно за да се скрши неверојатниот Ѓоковиќ.
Леташе од едната на другата страна и ја воодушеви публиката со фантастичен удар по дијагоналата. Набрзо направи брејк и победи.