Мадуро: Новите американски санкции се „незаконски и неморални“

Повторно воведоа серија еднострани санкции, сосема незаконски и неморални, против света институција, како што е Централната банка на Венецуела, изјави Мадуро

209

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро новите американски санкции против Централната банка на Венецуела ги нарече „нелегални и неморални“.

– Повторно воведоа серија еднострани санкции, сосема незаконски и неморални, против света институција, како што е Централната банка на Венецуела, изјави Мадуро во телевизиско обраќање.

 

Министерството за финансии на САД синоќа соопшти дека воведува санкции против Централната банка на Венецуела и нејзината директорка,

со цел зголемување на притисокот врз претседателот Николас Мадуро.

САД го поддржуваат лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо кој во јануари се прогласи за привремен претседател на Венецуела. Американските власти претходно воведоа серија санкции против Мадуро.

САД го поддржуваат лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо кој во јануари се прогласи за привремен претседател на Венецуела. Американските власти претходно воведоа серија санкции против Мадуро.