Мадс Микелсен го доби „Почесното срце на Сараево“

455

На 28. Сараевски филмски фестивал на данскиот актер Мадс Микелсен му беше доделена наградата „Почесно срце на Сараево“ за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност. Наградата му ја врачи Мирсад Пуриватра, основачот на Сараевскиот филмски фестивал.

Инаку, данскиот актер ова признание го доби на 26. Сараевски филмски фестивал (2020), но тогаш тој не можеше лично да присуствува поради Ковид пандемијата.

По доделувањето на наградата, публиката, во негова чест имаше можност да го погледне филмот „Лов“ (The Hunt) на Томас Винтерберг, во кој главната улога ја толкува Микелсен.