Мадридските власти бараат помош од војската во борбата против Ковид-19

40

Шефицата на регионалната влада на Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, денеска побара помош од војската за борба против зголеменото ширење на коронавирусот во и околу главенниот град на Шпанија. Локалните власти во Мадрид наредија делумен карантин во некои посиромашни области предизвикувајќи протести за време на викендот.

Потребна ни е помош од армијата за дезинфекција и за зајакнување на локалната полиција и спроведување на законот, рече Дијаз Ајусо на брифинг со медиумите по состанокот со шпанскиот премиер Педро Санчез во обид се го намали ширењето на вирусот.

Таа исто така побара да се обноват импровизираните болници во Мадрид. Пред околу три месеци, тие беа отстранети кога Шпанија излезе од строг карантин по намалувањето на бројот на новозаразени.

Сред првиот бран на епидемијата во март-април, илјадници војници беа распоредени во Шпанија за да помогнат во борбата против вирусот.

Извор:МИА