Поп пејачката Мадона во четвртокот гостувала во емисијата „The Tonight Show“, а поради нејзиниото однесување непријатно му станало и на водителот Џими Фалон.

Имено, 63-годишната пејачка, откако Фалон ѝ кажал дека таа секогаш е прва во сè и успева да ги изненади луѓето и да им го „наруши мирот“, Мадона одлучила уште еднаш да го демонстрира тоа на лице место.

Поп пејачката среде емисија легнала на масата на Фалон и ја подигнала едната нога. Со цел да спречи понатамошен скандал, Фалон го соблекол палтото и се обидел да го скрие задникот на пејачката, но гледајќи ја неговата намера, таа одлучила да го направи токму спротивното: станала од масата, се свртела со грб кон камерите и го подигнала здолништето.

Од срам, водителот го покрил лицето со сакото додека на Мадона целата ситуација ѝ била крајно смешна.

Секако, снимката веднаш стана тема број 1 на социјалните мрежи, а фановите на пејачката се согласни во едно – Мадона веќе не знае како да привлече внимание кон себе и дефинитивно не знае да се однесува во согласност со своите години.

Погледнете го видеото:

Не е првпат Мадона (63) „да не се однесува во согласност со годините“, ​​бидејќи тоа најчесто го коментираат оние кои не ги поддржуваат испадите и стилот на облекување на поп иконата.

Последен пат беше гола во јавноста кога настапи на доделувањето на музичките награди на МТВ. Таа се појави на сцената во наметка, под која носеше црн кожен корсет и мрежести чорапи.

Кога и го сврте грбот на публиката – тие имаа што да видат.