Мадона носи промени во својата музичка кариера, но таа не ги напушта ниту своите кинематографски амбиции.

Поп-иконата, која ќе наполни 62 години следната недела, се појави на „Инстаграм“ минатиот петок со видео на кое се гледа како напорно работи со сценаристката Дијабло Коди, која доби „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио за филмот „Џуно“ (2007).

Во црно-белиот видеоклип Мадона седи на софа, а Дијабло пишува на лаптоп. Иако со ова навестува дека пишува филм со сценаристката оскаровка, не открива детали на таа тема.

https://www.instagram.com/p/CDnCK5gh_IQ/

Во опис на клипот таа напиша: „Кога си заглавен дома со повеќекратни повреди, што правиш? Пишуваш сценарио со Дијабло Коди за…?“ Пред прашалникот Мадона додаде емотикон отворена книга, проследен со симболи што се однесуваат на правење филмови и музика.