Познатиот кошаркар во НБА, Денис Родман (58), во интервју за американските медиуми откри детали од неговата врска со славната пејачка Мадона (61).
Родман откри дека пејачката по секоја цена сакала да стане мајка, поради што побарала од Родман да забремени, притоа би му платила за таквото нешто.
- Таа ми рече дека ќе ми плати 20 милиони долари ако и направам дете и ќе го роди успешно, истакна Родман, кој во 1994 година беше во врска со славната пејачка.
Родман раскажа дел од нивната интимност.
- Се обидов да и направам дете во Централ Парк. Таму имаше трокатен стан. Се коцкав во Лас Вегас, а таа беше во Њујорк. Таа ми се јави а потоа и испрати авион по мене. Летав до Њујорк за да се најдам со неа, додаде Родман.
Бидејќи Мадона во тоа време не роди, Родман остана без парична награда.