Магла на патот од село Лисец кон Попова Шапка, видливост до 50 метри

86

На патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка попладнево има магла поради што видливоста е намалена до 50 метри, информира јавното претпријатие „Македонијапат”.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози.