Магија на вкусови – разладете се со домашен сладолед од малини

255

Има ли десерт што е полесен и повкусен од сладолед штом почнат топлите денови. Едноставно ќе ве разлади и добро ќе ве заслади. Можете да го приготвите и дома, а наш предлог е тоа да го сторите со малини.

Потребни состојки:

  • 500 гр свежи или замрзнати малини
  • 150 гр шеќер (може и мед)
  • 350 мл слатка павлака со помала масленост
  • 1 лажица екстракт од ванила

Начин на подготовка

– Свежите или полусмрзнатите малини ставете ги во блендер и измелете ги. Ставете ги во еден сад и додадете го и шеќерот. Мешајте додека да се растопи шеќерот.

– Во сирупот од малини додадете ја павлаката и екстрактот од ванила и по желба додадете една рака цели малини. Убаво измешајте.

– Добиената смеса сипете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач. Морате на неколку пати да го вадите садот и да го промешувате сладоледот за да не ви се направат кристали.