Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски, се врати во редовите на МЗТ Скопје по една година мината во романски Плоешти. Тој претходно настапуваше за овој тим во периодот помеѓу 2018 и 2021 година, а има играно и за младинските категории на Реал Мадрид, беше дел од кампот на Мајкл Џордан, настапуваше и за Партизан, додека на македонска сцена играше и за Гостивар и за Фени индустри.

Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.