Дарко Спасов, драматург во театарот Комедија, е новиот в.д. директор на оваа театарска установа. Ова е одлуката на министерката за култура во заминување, Ирена Стефоска.

Спасов на оваа функција доаѓа на местото на актерката Магдалена Ризова Черних, која беше поставена за в.д. директорка на театарот Комедија пред само месец и половина, откако од оваа функција беше разрешена Нора Шакири-Марковиќ.

Инаку, поставувањето на Дарко Спасов за в.д. директор го побараа и вработените во театарот. Согласно законот тој има мандат од 6 месеци, со можност да се повтори уште еднаш.