МААЕ сака да воспостави постојана канцеларија во нуклеарната централа Запорожје

33

Директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека МААЕ ќе се обиде да формира постојана канцеларија во нуклеарната централа Запорожје, со цел да се избегне евентуална нуклеарна несреќа.

– Мојата мисија е да спречам нуклеарна несреќа и да ја спасам најголемата нуклеарна централа во Европа. Вистинската работа започнува утре. Ќе се обидеме да формираме постојана канцеларија во централата, наведе Гроси.

Мисија на МААЕ денеска пристигна во јужниот украински град Запорожје, а утре е предвидено да ја посети нуклеарната централа, што е под руска окупација.

Мисијата предводена од Гроси е составена од 14 луѓе, кои утре треба да го оценат нивото на безбедност на нуклеарната централа Запорожје.