ЛШ: Бенфика доби ладен туш сред Солун

36

Грчкиот преставник ПАОК приреди големо изненадување во квалификациите за Лигата на Шампионите елиминирајќи го тимот на Бенфика со триумф од 2:1. Динамо Киев исто така се пласираше во финалната квалификациска рунда пред групната фаза од ЛШ откако украинскиот вицешампион славеше над АЗ Алкмар со 2:0. Пласман во следната рунда обезбеди и тимот на Гент благодарение на минималниот триумф од 2:1 над австрискиот претставник Рапид.