Луѓето кои живеат најдолго на светот не можат без ова овошје

474

Покрај прекрасните песочни плажи и многу сончева светлина, малиот костарикански остров Никоја, има и една од најголемите концентрации на стогодишници.

Има многу работи кои придонесуваат за здравјето и долговечноста на жителите на овој остров. Тие имаат животна цел, ја одржуваат блискоста на семејството, секојдневно престојуваат на сонце, а нивната вода е позната по тоа што има исклучително високо ниво на калциум.

Но, она што ги издвојува од поголемиот дел од светот е и нивниот секојдневен избор на храна. Јадат многу грав, пченка, ориз, зеленчук и овошје. Тропските овошја кои секојдневно ги грицкаат им даваат антиоксиданси, витамини и минерали кои придонесуваат за подолг и поздрав живот, а една од најдобрите е папајата.

 

Според Нешнал Џиографик, дрвјата папаја изобилуваат во Никоја. Затоа нејзините жители секојдневно ги грицкаат неговите плодови.

Витамините А, Ц и Е во папајата помагаат да се потисне воспалението. Ензимот папаин помага при варењето и се користи за ублажување на запек и надуеност. Папајата содржи и бета каротен, а студијата објавена во Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention покажа дека исхраната богата со бета каротин може да им помогне на мажите во превенција на рак на простата.

Папајата е исто така богата со растителни влакна, калиум, витамин К и холин. Овие хранливи материи и витамини можат да помогнат во лекувањето на дијабетесот, да го намалат ризикот од рак и срцеви заболувања и да се борат против макуларната дегенерација поврзана со стареењето.