Луѓето во црно стануваат загрозен вид во Германија

129

Носачите на погребални ковчези стануваат загрозен вид во Германија, а празнината ја пополнуваат пензионери и студенти, предупредуваaт погребалните претпријатија.

Нивниот недостиг уште не довел до одложување на погреби, изјави Кристијан Јаегер, директор на задругата на погребални претпријатија во Северна Рајна-Вестфалија, пренесуваат Независне новине.

Некогаш беше вообичаено таа задача да ја преземаат пријатели и роднини, во време кога семејствата живееја близу, додал тој.

Сега, пензионери или студенти кои сакаат да заработат нешто дополнително работат како носачи на ковчези, кажал Јаегер.

Постарите носачи имаат, пак, свои проблеми, вели Мајкл Ваш од погребалното претпријатие Вебер во Дортмунд. Луѓето денес се многу потешки со цвеќето и со сандакот, шест носачи често мораат да подигнат 200 килограми.

Во Германија бројот на положување урни по кремирањето порасна значително на околу 70 отсто, соопшти Федералниот сојуз на германските погребници. Во тие случаи урните обично ги носи некој свештеник или член на семејството.