Фудбалерите на Наполи играат одлично на почетокот од сезоната и по четири коло се единствените стоотстотни во Серија А. Сепак, новиот тренер Лучијано Спалети не го вбројува својот тим меѓу кандидатите за освојување на титулата.

  • Сезоната е долга, но ние дефинитивно имаме сериозен квалитет. Ни недостасува доволно долга клупа и тоа ја прави разликата со фаворитите. Милан е многу силен тим, Интер функционира добро, иако ги загуби Хакими и Лукаку. Ние имаме моќен напад. Осимен е одличен кога добива слободен простор. Следуваат натпревари со многу силни ривали, ќе видиме што ќе се случи, изјави Спалети.