Луфтханза со оперативни загуби од 1.26 милијарди евра во третиот квартал

32

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ соопшти дека работи со оперативна загуба од 1,26 милијарди евра во третиот квартал поради масовното откажување на летовите во пандемијата и трошоците за компензација на патниците.

Во истиот период минатата година тие работеа со профит од 1,3 милијарди евра.

Сепак, компанијата успеа да воспостави некои летови во третиот квартал од оваа година и ги намали оперативните трошоци, па загубата е помала отколку во периодот од април до јуни, кога пред каматата и даноците изнесуваше 1,7 милијарди евра.

Оперативната загуба во првите девет месеци од оваа година достигна 4,2 милијарди евра, во споредба со оперативната добивка од 1,72 милијарди евра во истиот период минатата година, покажа деловниот извештај. Компанијата очекува слаба побарувачка до крајот на годината.