Луксуз на 82 ката: Се гради највисокиот хотел на светот

118

Дубаи официјално го има највисокиот хотел во светот, според Гинисовата книга на рекорди –  тоа е хотелот „Гевора“, којшто е висок 356 метри, а на листата котира од 2018 година. Но, оваа висококатницата од 75 ката, наскоро ќе биде засенета од „Сиел тауер“, којашто ќе биде висока 360 метри и ќе има 1.042 соби и апартмани, распоредени на 82 ката. „Сиел тауер“ треба да биде изграден до 2023 година.

За дизајнот на кулата, која се гради во богата крајбрежна населба во Дубаи, одговорно е бирото за архитектура ХОПП, кое се потпишува на можеби најпрепознатливиот хотел во Дубаи, познатиот „Атлантис“.

Висококатницата ќе има стаклена набљудувачка платформа која ќе нуди поглед на градот од сите страни. Посетителите ќе уживаат и во панорамскиот поглед од хотелскиот базен на покривот.

„Со никого не се натпреваруваме, едноставно сакаме да го направиме она што носи профит и убавина на нашиот град и тоа ќе го направиме“, велат од „Атлантис“.

Дизајнерите во декември добиле три награди ИПА, за најдобра меѓународна архитектура на хотел, најдобра арапска хотелска архитектура и најдобра арапска кула.

Новиот хотел ќе има луксузен велнес-центар, деловни простории и низа наградувани ресторани, кои ќе бидат претставени следните месеци.

Изградбата почнала во 2016 година, а последната година во истата населба израснале низа исклучително високи кули, вклучително и Каван тауер, висок 306 метри и 425 метри високата зграда Марина 101.