Луксембург стана првата држава во светот со бесплатен јавен превоз

274

„Воведувањето бесплатен јавен превоз е важна социјална мерка“, рече министерот за транспорт на Луксембург, Франсоа Бауш.

Најчесто превозно средство во Луксембург се приватните возила, а повеќе од 200.000 луѓе доаѓаат на работа со автомовили од соседна Франција, Германија и Белгија, што создава големи сообраќајни гужви во ударните часови.

Во Луксембург живеат околу 610.000 луѓе, а прекуграничните работници чинат половината од вкупниот број на вработени.

Луксембург инвестираше многу во урбаниот транспорт, особено со изградба на трамвајска мрежа.

„Систематската и континуирана инвестиција е суштински услов за промовирање на урбаниот транспорт“, рече Бауш.

Цената на проектот ќе изнесува 41 милион евра, колку што државата ќе изгуби од купените билети, но тоа ќе биде покриено од буџетот.

Автоматите за продажба на билети постепено ќе бидат отстранети од станиците, но ќе останат пунктовите за продажба на билети за меѓународни возови.

Извор:BBC