Лука Шулиќ од 2Cellos по син сега се радува и на ќерка

294

Познатиот виолончелист Лука Шулиќ од светски популарното дуо 2Cellos веќе подолго време му дава приоритет на семејството, на неговата сопруга Тамара и неговиот син. Тој стана татко по втор пат, доби ќерка на која тој и неговата сопруга и го дадоа името Хана.

За време на нејзиното раѓање, Шулиќ бил во Рим, каде го снимил својот прв соло албум, “Four Seasons” на Вивалди.

“Жал ми е што не бев за време на раѓањето, но жена ми ми рече: “Подобро кратко и брзо породување без тебе, отколку долго и тешко со тебе до мене. Бев присутен на раѓањето на првото дете, кое беше долго”, рече Шулиќ.

Двојката е во врска од 2015 година, се венчаа на 7 јули 2017 година на интимна церемонија во Словенија, а првото дете син, Вала, го добија пред две години.

Емотивната порака која ја постави на Инстаграм ги воодушеви бројните следбеници.

“Нашата мала принцеза Хана се роди. Јас сум толку горд на неа и нејзината мајка, мојата прекрасна сопруга Тамара Шулиќ. Ова е доказ дека работите не се одвиваат секогаш онака како планираме и дека вселената има свои планови. Хана нè изненади со раѓање две недели пред очекуваниот датум”, напиша Лука на Инстаграм.