Каталонскиот ракометен гигант Барселона, објави дека средниот бек Хрватот Лука Циндриќ ќе мора да замине на операција за да јареши дислокацијата на левото рамо, повреда која што ја здоби во 12. минута од атпреварот против Фленсбург во Лигата на шампионите.

-Откако ќе заврши операцијата ќе биде проценето ивремето на отсуство. Неговата повреда за нас дојде во многу лош период, на почетокот од сезоната, изјави новиот тренер на Барселона, Карлос Ортега, кој на ова место го наследи Чави Пасквал

-Што се однесува до мечот, нема што многу да се каже. Иако противничкиот голман исто така беше неверојатен, нашиот Гонзало ја направи разликата. Ова е важна победа за нас во Лигатана шампионите, а за тоа е заслужен целиот тим, истакна Ортега.

Циндриќ (28), кој е поранешен играч на Вардар им се придружи на Тим Н ‘Гесан и левото крило Аитор Арињо на листата желби на Барселона,која оваа година има пократок состав и затоа ќе има проблем да ги покрие отсуствата на играчите. На мечот со Фленсбург во тимот на каталонскиот гигант се истакнаа Мартин Солер и Артур Парера.

Лика Циндриќ е еден од најзаслужните за првата европска титула на Вардар во ЛШ во 2017 година. Тој воедно е и актуелен шампион во елитното натпреварување со Барселона.