Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, објави видео од астмосферата на еден од натпреварите на Црвена Звезда, но потоа брзо го избриша и јавно се извини.

Станува збор за видео-запис на кој сестрата на Чарлс Џенкис со неверување го следи навивањето на фановите на српскиот тим, кои ги навредуваа Албанците.

Очигледно Словенецот не знаел дека се работи за навредливо скандирање, поради што потоа објасни дека сето тоа го направил ненамерно.