Лука Дончиќ буквално ми го спаси животот

137

Иако има само 21 година, словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ брзо се здоби со светска популарност. Тој е обожуван во својата татковина, регион, Европа, САД, каде и да се појави. И, не само тоа.

Медиумите во САД овој пат споделија приказна за Дончиќ, и тоа во форма на интимна исповед на уметникот Колин Кејбл, кој тврди дека Лука му го спасил животот.

Американскиот писател и музичар објави долг пост на веб-страницата „Фансаид“, а покрај воодушевените фанови, оваа приказна ја сподели и самиот Дончиќ на социјалните мрежи како и сопственикот на Далас, Марк Кjубан.

Приказната започнува во октомври 2018 година, неколку недели пред младата ѕвезда на Реал Мадрид, европски првак и МВП на Евролигата во тоа време, да ја започне својата кампања во најсилната кошаркарска лига во светот.

Кејбл во тоа време живеел во Бруклин, неговата музичка кариера не одела според планот, раскинал со девојка која повеќе не можела да ја толерира неговата зависност, неверство и емоционална нестабилност, а депресијата ја ублажи со лекови за смирување.

Потоа, еден ден го разбудиле телефонски повици и пристигнале вести кои го „нокаутирале“. Го телефонирала неговата мајка која го известила дека неговиот брат Бонер починал. Тој брзо решил да ги спакува своите работи и да се врати во Далас. Решил да остане во родниот град и да се обиде да биде поддршка на семејството.

Почнал да размислува за тоа што, покрај сродството, има заедничко со неговиот покоен брат и наишол на единствениот можен одговор: неговата љубов кон кошарката, НБА-лигата и Далас Маверикс.

  • Кога беше драфтуван Дирк Новицки, јас имав 12, а брат ми 15 години. Кога Дирк го одигра својот последен натпревар во НБА лигата во 2019 година, јас имав 32 години, а брат ми беше мртов, навел во текстот Кејбл.

Набргу по смртта на неговиот брат, тој одлучил да се откаже од дрогата, овој пат засекогаш.

  • Кога коктелот од разни дроги на брат ми му го одзеде животот, јас веќе не сакав дрога. Дрогата го зеде брат ми и почнав да се плашам од тоа. На некој начин, ова беше неговиот најголем и најважен чин на заштита, напиша Кејбл.

Следната половина година ја поминал претежно зад четири ѕида, а потоа имал проблем со прекумерна тежина, бидејќи не се движел.

  • Ме парализира тагата, бев несигурен поради не земањето седативи. Се здебелив над 20 килограми. Имав 32 години и бев сам. Трезен, но поразен. Жив, но само во биолошка смисла. Ништо веќе не беше важно и ништо повеќе нема да биде важно. И тогаш дојде Лука, додаде во текстот и се фокусираше на важноста на младиот Словенец кој целосно му го сменил животот.

Дончиќ играше во НБА за прв пат една недела по смртта на Бонер на 17 октомври 2018 година. На натпреварот против Феникс, кој Далас го загуби со 100:121, тогаш 19-годишниот дебитант во најсилната кошаркарска лига забележа 10 поени, осум скока и четири асистенции.

  • Еден од последните разговори со брат ми се случи откако Далас го потпиша Дончиќ. Мојот брат беше воодушевен, како и јас. Далас беше воодушевен. Но, никој од нас не знаеше дека тоа ќе биде последното нешто на кое заедно ќе му се восхитуваме, вели тој.

Колин го гледал секој натпревар на Лука во Далас и полека излегуваше од тешката ситуација од ден на ден.

  • Начинот на кој играше беше скоро терапевтски, напиша тој, додавајќи дека во случај Далас да не донесел Словенецот, тој не е сигурен дека би можеле да ја прочитаме неговата приказна денес, бидејќи веројатно немал да преживее.

Овој Американец успеал да ги тргне од себе сите дроги во последните две години.

  • Мојата крв е чиста, а и мојот ум е чист. Почнав да ги поправам работите што ги уништив поради зависност, зачекорив во светот како најдобра верзија за себе. Без помош на словенечкиот тинејџер, која веројатно никогаш немаше да го сретнам без оваа приказна, денес не би бил жив. Кога надежта стана неостварлива, Лука ми докажуваше секоја вечер на теренот дека е вистинска и дека вреди да се бориш за неа, напиша Колин.

На крајот, Колин ја опиша единствената средба со асот на Далас, на настанот на кој Дончиќ му даде автограм на навивачот. Колин ја зел маицата на неговиот покоен брат и го замолил Словенецот да ја потпише, а кога еден од чуварите го прашал колку години има маичката, тој открил „постара е од Лука“. Тоа го слушнал Словенецот, кој го подигнал погледот и се насмевнал.