Лукашенко се заканува: Ако не доведете до работ на бездната – ќе одговориме!

249

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека на Белорусија не и е потребна војна, туку дека Американците ја притискаат сами.

– Донесовме безбедност во регионот. Отсекогаш сме биле ценети поради тоа, рече Лукашенко, пренесува РИА Новости.

Тој праша зошто Белорусија е претставена како „агресор“ и оцени дека обидите за притисок и заканите од САД го покажуваат „менторски тон“ на Вашингтон кон Минск.

– Буквално пред еден ден вниманието ми го привлече заканувачката позиција на американскиот Стејт департмент. Дојдоа кај нашите дипломати во Њујорк и ни се заканија: Ако им го дозволите тоа на Путин и Русија, тогаш ќе воведеме санкции. Ако ѝ го вратите нуклеарното оружје на Белорусија, тоа и тоа ќе биде, рече Лукашенко.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Белорусија ќе одговори доколку Западот сака да ја доведе до работ на бездната.

– За нас не може да биде полошо. „Ако сакате да не доведете до работ на бездната, знаете како ќе одговориме на тоа“, посочи Лукашенко, пренесува РИА Новости.

Зборувајќи за ситуацијата во регионот, претседателот на Белорусија рече дека нема да биде полесно и дека Белорусија ќе мора да ги брани своите граници.

– Знаеме како да го направиме тоа и ќе го направиме, истакна Лукашенко.