Лукашенко се закани: Украина веќе гори, од утре ќе гори цела Европа

1412

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко смета дека граѓаните на европските земји сакаат да живеат во мир, но нивните власти не се во состојба „да го изгаснат пожарот во сопствениот дом“, пренесува руската агенција ТАСС.

„Германија, цела Европа – сега нема лидер. Но и да има…Не можат да го изгаснат пожарот во сопствениот дом. Европјаните не ја сакаат оваа војна. Тие добро разбираат што се случува денес во Украина. Овде во Белорусија исто така се обидуваат да запалат пожар. Утре ќе гори цела Европа“, го цитира Лукашено новинската агенција BeITA.

Европските челници Лукашенко ги опишува како „лудаци кои се неспособни да му кажат „не“ на Вашингтон, разгоруваат оган во регионот“.