Лукашенко: Ни Русија, ни Белорусија не ја сакаа оваа војна

86
EPA-EFE/DMITRY AZAROV / KREMLIN POOL / SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко по состанокот со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгун, даде изјава за медиумите посчувајчи дека „Западот сега ја разгледува опцијата за продолжување на воените активности во Уктаија, што обезбедува продолжување на руската специјална воена операција“.

„Верувам дека размислуваат за начините за продолжување на војанта. Ако е така, специјалната операција нема да заврши“ – изјавил Лукашенко, пренесува белоруската новинска агенција BeiITA.

Белорускиот претседател истакна дека не гледа подготвеност за прекин на судирот.

„Ако сакаат да се борат до последен Украинец или до последен Пољак, или некој друг платеник, то е нивен избор. Засега, ни нашите разузнавачки служби, ни јас не гледаме подготвеност да се вклучат во преговорите и да го прекинат судирот. Ние јасно го објаснивме нашиот став. Ни Русија, ни Белорусија никогаш не ја сакаа оваа војна“ – вели Лукашенко за руската инвазија на Украина што ја покрена Москва во февруари годинава.