Лукашенко: Америка сака да предизвика војна

50

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека САД, користејќи ги Полска, балтичките земји, Украина, како и мигрантската криза на границата со Белорусија, сакаат да предизвикаат војна.

 „Тие се обидуваат да ги искористат тие кутри бегалци, тој процес. Веќе отворено велат: „Вклучете го НАТО“. А што значи НАТО? Започнување војна. Не провоцираат. На Европа не и треба тоа, Европа не го сака тоа, Европа не сака војна. Кому му е потребна таа војна? „На Американците“, рече Лукашенко на седницата на уставната комисија и работната група за финализирање на нацрт-уставот, пренесува Спутник.